Превентивни активности на ОВР Свети Николе
Превентивна активност за заштита на граѓаните од временски непогоди, пред се од екстремно ниски температури и смрзнатини, беше спроведена во повеќе светиниколски дела, поточно Долноу Горно Ѓуѓанци, Павлешенци и Стањевци.
-Преку непосредни средби со жителите од овие села, полициските службеници ги советуваа граѓаните за можни последици предизвикани како резултат на ниските надворешни температури и за начините на самозаштита од студеното време, мразот, поплавите и како и каде да побараат помош, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оваа активност беше спроведена вчера, 23 јануари, од страна на полициски службеници за превенција при Одделение за внатрешни работи Свети Николе во соработка со општинската организација Црвен Крст Свети Николе.
За време на активноста беа поделени и информативни летоци и насоки за комуникација со полицијата преку телефонските броеви 192 и 112.
Стефани Манева