Приведен маж кој на бензиска пумпа во Неготино го нарушил јавниот ред и мир

Објавено на 25 јули, 2024 во 12:39

Триесет годишниот А.П од Неготино, ноќеска, два часа и дваесет минути по полноќ бил приведен од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино. Тој на бензиска пумпа во градот го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

А.П. бил задржан во полициска станица и по докуметирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.