Приведен маж од село Сојаклари, се сомничи дека одзел предмети од фирмата во којашто работи

Објавено на 6 јуни, 2024 во 11:44

Полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 23:45 часот го лишеле од слобода четириесет и две годишниот А.Д од село Сојаклари, велешко.

– При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен.
Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во полициска станица, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде
поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.