Приведен пијан маж пред Градски базен, со 2,89 промили алкохол во крвта поседувал дрога а нарушил и јавен ред и мир
Објавено: 10 август, 2026, во 13:52 часот
Дваесет и седум годишниот П.М од Кавадарци, вчера попладне, бил лишен од слобода бидејќи бил пијан и освен нарушен јавен ред и мир, дрско се однесувал кон полициските службеници чии наредби не ги почитувал, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
„На 09.08.2026 во 16:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(27) од Кавадарци затоа што пред Градски базен во Кавадарци го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувал наредбите на полициските службеници и при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти СВР Велес.
Убавка Јаневска


