Приведен велешанец, пронајдена дрога и пари (Фото)
Објавено на 11 февруари, 2022 во 15:05
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, денеска, го лишеле од слобода триесет и три годишниот В.Ј од Велес.
-Извршен е претрес во домот на В.Ј., при што во дворот биле пронајдени 11 опаковки со прашкаста материја со кафена боја (хероин), една вага и 50.000 денари, стои во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.