Приведен велешанец, пронајдени халуциногени печурки и марихуана (фото)

Објавено на 6 април, 2023 во 09:38
Фото: МВР

Приведен е дваесет и седум годишниот М.П од Велес, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Велес- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје. Тие, вчера, по претходно добиени сознанија и добиена судска наредба извршиле претрес во домот на велешанецот и пронашле халуциногени печурки, пакувања со марихуана и шприц со хашиш смола.

-Дополнително е извршен претрес во куќа која М.П. ја користел, при што се пронајдени банкарски картички, документи со евиденции за продажба на дрога, лап топ компјутери, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Велешанецот М.П. е лишен од слобода во Сектор за внатрешни работи Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.