Приведен велешанец, во кола превезувал мигранти
Објавено на 9 август, 2022 во 11:01
Триесет и едно годишниот М.З од Велес, вчера вечер, околу 22:00 часот, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка бил лишен од слобода поради криумчарење на мигранти од страна на полициски службеници од СВР Куманово .
– Во патничко моторно возило “пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени девет мигранти од Индија, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека велешанецот бил задржан во Полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева