Приведени двајца велешани, кај нив пронајдена марихуана
Објавено на 8 ноември, 2022 во 13:45

Дваесет и три годишниот Н.Т и три години помладиот Д.Р од Велес, вчера, во 17:40 часот биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за вантрешни работи Велес.
Како што соопштуваат, при претрес во домот на велешанецот Н.Т извршен со наредба од Основен суд Велес, бил затекјнат Д.Р и кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата се приведени во полициска станица Велес и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева
