Пронајдена дрога кај пет лица од Свети Николе

Објавено на 15 декември, 2023 во 09:59

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Свети Николе, лишеле од слобода пет лица од Свети Николе за поседување на прашкаста материја.

-Д.С.(38), Р.А.(35), Д.В.(31), Д.Т.(28), сите од Свети Николе и 23 – годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско се лишени од слобода. При контрола на патничко возило во кое се превезувале Д.С. и Р.А., кај Д.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја која ја купил од Д.В. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Т., каде ги затекнале Д.В. и А.П., при што била пронајдена и одземена прашкаста материја, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.