Пронајдени остатоци од човечко тело во кавадаречко
Објавено: 8 ноември, 2025, во 15:02 часот
Во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера попладне, било пријавено дека се пронајдени остатоци од човечко тело во близина на кавадаречкото село Сопот.
„ Во16:40 часот, во ОВР Кавадарци, на 7 ноември, било пријавено дека во атар на село Сопот, кавадаречко, биле пронајдени остатоци од човечко тело. Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа,“ соопшти Билјана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


