Проширување на детската градинка „Праскичка“ во Општина Росоман
Објавено на 19 август, 2021 во 12:10
Постоечката детска градника „Праскичка“ во Општина Росоман ќе биде зголемена за 30 деца, поточно две групи од по 15 дечиња. Градоначалникот на Општина Росоман, , Бранко Јанев, денеска заедно со Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпанска, потпишаа Договор за соработка.
-Остануваме посветено да работиме на крајната цел, зголемувањето на процентот на опфат на деца во предучилишните установи на 60 отсто, односно дополнителни 7500 деца во градинките до крајот на мандатот. Продолжуваме со грижата за нашите најмали и најважни, скулпторите на нашата иднина, рече министерката Шахпаска.
Градинката ќе биде проширена со средства од Министерство за труд и социјална политика во вкупен износ од 12.279.000 денари.
Стефани Манева