Прва утрово а втора веќе во вторник за велешани превентивна здравствена контрола на отворено од Здравствен дом (фото и видео)

Објавено: 17 јули, 2026, во 15:18 часот

Покачените летни температури се причина што здравствена екипа на Итна помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес утрово, од 9:00 до 11:30 часот, под Јаворот, кај фонтаната на  плоштад „С`рмаале“ беше во превентивни прегледи на гликемија – шекер во крв и мереше притисок на граѓаните.

Здравствената екипа, за скоро два часа, измери гликемија и измери крвен притисок на вкупно 122 велешани. Поточно гликемија на 81 додека крвен притисок на 81 граѓани. Од нив 70 беа мажи и 52 жени.

На лекарката и медицинската сестра од Итна медицинска помош им помагаа и две ученички од Медицинска насока на ССОУ „Димитрија Чуповски“ кои се на феријална пракса во Здравствен дом Велес.

Од оваа  јавна здравствена установа денеска најавија дека веќе во вторник, на 21 јули, ќе ја реализираат втората ваква превентивна активност на наредна локација која што ќе биде соопштена преку медиумите ден пред да се реализира.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.