Расчистено убиство во Кавадарци, осомничен и приведен е кавадаречки нарко зависник
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, го лишиле од слобода Илија Панов.(42) од Кавадарци. Тој е осомничен дека на 22 јануари, годинава, во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка Сузана.С.С.(52) од Кавадарци.
Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица. По преземени мерки на полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес – ОВР Кавадарци и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР како и по извршени вештачења и анализи во координација со Основно јавно обвинителство Кавадарци, обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил кривичното дело.
„ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик – „убиство“, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор во времетраење од 30 дена. Осомничениот И.Панов спроведен е во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија на издржување на мерката притвор,“ информираа од Сектор за внатрешни работи Велес.
Ангел Данов