Лазов: „Со нови дела за подобра општина Росоман“
Кандидатот за градоначалник на Росоман, Стојанче Лазов вечерва пред своите сограѓани ја претстави програмата за локалните избори.
Во неа се содржани проектите за кои на локалните избори Лазов ќе ја бара подршката од граѓаните.
“Подобрување на водоснабдувањето, резервоар за вода, технолошка вода , изградба на локални улици и патишта, реконструкција на уличното осветлување, изградба на тротоари, подготвување на проект за атмосферска канализација, реконструкција на локалните патни правци с.Паликура-С.Курија и с.Мрзен-с.Ораовец“ ова вечерва им го понуди на граѓаните на општина Росоман, Лазов со надеж дека ќе му дадат доверба за втор мандат.
Заменик министерот за земјоделство и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , Зоран Коњановски нагласи дека и овие избори ќе ги добиеле бидејќи биле близу до народот, имале чесен и искрен пристап, посветеност, а владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им станала вистински партнер на земјоделците.
“Додека ние работиме за доброто на сите граѓани, СДСМ работи за доброто само на еден човек, работи за својот лидер. Или ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Росоман знае во кој правец треба да се движи“ рече Коњановски./ А.Д