Оштетен паркот кој се гради во Росоман!
Новиот парк кој полека никнува во дворот на поранешното основно училиште во општина Росоман е уништен пред да го добие вистинскиот изглед. Деновиве непознати сторители со своето вандалско однесување направиле голема штета.
Откорнати и украдени дваесет зимзелени дрвца, уништен дел од поплочениот мермер и неколку оштетени корпи за отпадоци. Од општината информираа дека случајот го пријавиле во полиција. Бил извршен увид и се бараат сторителите на овој вандализам.
Според првичните проценки направена е штета од над 30 000 денари. Истрагата треба да покаже на кого и зошто им смета она што се гради.
Од Локалната самоуправа цврсто опстојуваат на ставот дека по многу години сепак Росоман да добие современо место, парк за рекреација. Целиот комплекс вклучувајќи ја и реконструкцијата на старото училиште ќе прерасне во модерно катче за оние кој знаат да го ценат трудот и делата за квалитетна младина и современо живеење велат од Општина Росоман./ А.Д