Градоначалникот на Росоман во улога на градежник. Реконструирана црквата во Галиште!
Објавено на 30 мај, 2013 во 09:14
Градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов, советникот Ристо Јошев, и двајца жители од Росоман, сите со потекло од селото Галиште, изминатиот викенд беа во улога на градежници.
Не штедејќи го своето слободно време и применувајќи ги градежните вештини извршија реконструкција на покривната конструкција на црквата Св. Атанас во селото Галиште.
Сите се задоволни, како што велат од успешно завршената работа
„Љубовта кон природата и духовните работи беше посилна од нас па се организиравме и успешно завршивме еден дел кој би требало да ја заштити црквата во наредните дваесетина години. Не се плашам од работа. Потекнувам од семејство кое работи земјоделие. Спремен сум за секаква работа “ рече Лазов./А.Д