Двојно намален бројот на првачиња и во Росоман!
Половина помалку од лани е бројот на првачиња кои од 1 септември ќе седнат во училишните клупи на ООУ „Пере Тошев“ во Росоман. Лани во прво одделение биле запишани 40 ученици, а годинава запишани се само 19 првачиња.
Директорот на училиштето Зоранчо Јовановски, вели дека проблемот ја засега целата држава. Но утешува дека според информациите од службите за бројката на нови жители во следните две години повторно бројот на првачињата ќе биде во пораст. Истото го потврдува и градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов
Тој вели дека наспрема бројот на првачиња во Росоман, во околните села, Паликура, Сирково,, Трстеник и Манастирец постојано се зголемува бројот на дечиња.
„ За разлика од лани годинава овие подрачни училишта оваа учебна година ќе имаат од три до пет првачиња повеќе“ рече Лазов и најави изградба на две нови училници во подрачното училиште во селото Паликура./А.Д