Годишни одмори: Градоначалникот на Росоман најубаво се чувствува на Тиквешкото Езеро
Објавено на 27 август, 2013 во 11:36
Годишните одмори веќе завршуваат. Дума.мк во наредниот период ќе ве информира за тоа каде летуваа градоначалниците и советниците од општините во Повардарскиот регион.
Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов сеуште не бил на годишен одмор. Сега во моментов е во Хрватска заедно со играорците и производителите на храна од општината.
„Не бев на годишен одмор. Повеќе за викенди го користев Тиквешкото Езеро. Таму 20 години имам викендица и ми е најубаво. Се опуштам и вистински одморам. На Тиквешкото Езеро едноставно човек може да ги наполни батериите. Сега сум во Хрватсска заеедно со играорците и производители на храна . Тука ја претставуваме општина Росоман на меѓународен фестивал и ова патување го користам како можност за одмор“ рече Лазов.