Вооружен грабеж на експозитурата на Централна кооперативна банка во Росоман

Објавено на 4 октомври, 2013 во 09:01

Двајца маскирани разбојници со пиштоли и закани кон вработените, утрово, околу 8 часот и 5 минути, влегле во банката и ја ограбиле. Од сефот украле, според првичните информации околу 15 илјади евра.

Разбојниците носеле фантомки на главите, биле облечени во тренерки а заканите конвработените ги упатиле додека во рацете држеле пиштоли. Тие ги натерале банкарските работници да легнат на земја потоа го отвориле сефот и ги земале парите. Потоа со пленот избегале во непознат правец.

Полицијата врши увид на местото на инцидентот./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.