Едно лице загина во тешка сообраќајка кај Росоман

Објавено на 9 јануари, 2014 во 09:20

Едно лице загина, две се повредени во тешка собраќајна несреќа што се случи синоќа на патот на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман помеѓу патничко возило марка „Пежо“ со велешка регистрација, управувано од Ј.Н 42 години од Велес и товарно возило „Сканиа“ со прилепски регистарски ознаки управувано од 56 годишниот К.Ц од Прилеп.

Во страотната несреќа животот го загуби совозачот во Пежото, велешанецот Димче.П(38), а возачот се здобил со тешки телесни повреди  и е пренесен на скопските клиники. По укажаната помош во кавадаречката болница возачот на Сканијата бил пуштен на домашно лекување.

„ Увид на лице место изврши јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата. Анализите од увидот дополнително ќе ги утврдат причините за несреќата“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Од 21 до 00.30 часот сообраќајот на овој регионален пат беше во прекин./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.