Се преврти камион кај Росоман, возачот тешко повреден
Со тешки телесни повреди се здобил 45 годишниот Ѓ.М од струмичкото село Бањица попладнево околу 18 часот во сообраќајна незгода на патот Градско – Прилеп кај Росоман.
Тој управувал товарно возило „Застава“ која се превртела на патот. Заедно со него биле и трите негови деца. Две од нив биле повредени, а едното минало без поведи.
Ѓ.М имал скршеница на левата потколеница и по укажанта помош во кавадаречката болница е пренесен на лекување во Скопје, додека децата биле пуштени на домашно лекување.
За помош на настраданите во превртеното камионче интервенирале и пожарникари од ТПП Кавадарци.
Од полицијата ја потврдија незгодата и информираа дека на лице место увид извшрила полициска екипа од кавадаречката полиција. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат, а се претпоставува дека влажниот коловоз поради дождот може да допринел за превртување на возилото./Д.С