Се уште активни пожарите на отворено во Градско и Неготино, постојано се гаснат и со хеликоптери

Објавено на 12 јули, 2024 во 10:04

Активни се големите пожари во Општина Неготино во атарот на село Пепелиште каде гори ниска вегетација и шума како и пожарот во Општина Градско помеѓу селата Караслари и Црквино над месноста „Венуле“ каде гори нискостеблеста деградирана шума, ниска ветегација и дрва, соопштија утрово од Центар за управување со кризи.

-Имаше 10 пожари на отворено во последното деноноќие, и од нив активни утрово се водат 3, во општините Градско, Неготино и Ново Село. Воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица од МВР вчера беше драгоцена на храбрите пожарникари за да се изгаснат опасните краци на двата активни пожари на отворено коишто имаат поголеми размери. Конкретно, се гаснеше,а и денеска од рано утрово во Општина Градско и во Општин Неготино. Генерално ПП силите имаа и имаат делумна контрола врз големите пожари на отворено во Општина Неготино и Општина Градско со речиси постојана воздухопловна поддршка од МВР и ги изгаснаа опасните краци на пожарот што ги загрозува села. Човечки животи не се загрозени, објаснуваат од ЦУК.

Утрово започнува гаснењето и на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, над селото Бадилен кај месноста .

-Благодарение на вчерашната одлука на Владата со којашто се надмина повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, се очекува денеска, околу 10.00 часот, да му се придружат и 2 или 3 „ер трактори“ на ДЗС. Бидејќи се работи за тешко пристапен терен еден полициски хеликоптер на МВР префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух. Инаку, како помош на ПП екипите се вклучени во координација со општинските кризни штабови и мештани кои добро го знаат теренот, иако е непристапен, и им помагаат на пожарникарите. Дел од нив се и неготинските ловците од и ловците од Ново Село Струмичко, додаваат од ЦУК.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.