Семејството Трајкови едно од десеттиците нови жители на станбениот комплекс „Атлантис“ во Велес

Објавено на 2 февруари, 2023 во 12:22

Фото: Билјана и Илија Трајкови

Сопругот Илија, џентламенски, вчера вечер и ја препушти честа прва да ја отклучи влезната врата на новиот дом на сопругата Билјана Трајкова во комплексот „Атлантис“. Сопружниците не ја криеја својата среќа што ќе живеат во стан којшто успеале да си го купат на локација која обезбедува квалитетен живот во тивок и спокоен дел на градот. Среќата беше очигледна на нивните лица додека не поканија заедно да го разгледаме домот во кој инвеститорот соработувал со нив и во внатрешната изведба постапил според нивните барања.

Фото: Билјана и Илија Трајкови

-Ни се исполни голема животна желба, на која чекавме долго време и мислам дека направивме правилен избор со купувањето на овој стан. Особено сум задоволна кога од инвеститорот беше прифатено нашето барање за изгледот и преградувањето на дневниот простор од кујната. Таква беше мојата желба и благодарам на исполнувањето, рече велешанката Билјана.

Иван е презадоволен од тоа што станот е дел од комплекс на квалитетна изведба, со вградени квалитетни и еколошки материјали како и посветено внимание на ситни детаљи кои имаат големо влијание за удобен живот на семејството.

Фото: Билјана и Илија Трајкови

-Посакувам здравјето да не служи, нас и сите соседи во комплексот и да бидеме живи. Што подолго да живееме во нашите нови домови. Да си ги уредиме становите според плановите што ги имаме и да си го живееме животот мирно и спокојно, додаде Трајков.

Фото: Свечено доделување на клучеви на сопственици на станови

Инвеститорот „Атлантис“, клучевите на новите сопственици на становите им ги предаде на свеченост што за нив ја организираше. Сопственикот на „Атлантис инвест груп“, Дејан Мирсинов, прв им посака среќен, долг и спокоен живот во новите домови.

-Вечерва заокружуваме еден проект кој што во изминатите 2,5 години го градевме макотрпно, и еве стигнавме до момент на предавање на клучевите на станарите. Вечерва ќе споделувам желби и наши очекувања за среќно домување. Да го потврдиме она што со изградбата на ламела 1 го започнавме, дека сме центар за модерно и урбано колективно домување. Станбениот комплекс се градеше во две фази. Поточно ламела 1 започнавме да ја градиме во 2017 година и во март 2019 да ја предадеме во употреба. Април 2020 започнавме со изградба на ламела 2 и ламела 3 за вечерва да кажеме дека првиот дел од мозаикот именуван „населба Атлантис“ е завршен. Сега продолжуваме понатаму, рече Мирсинов.

Тој најави дека за неколку месеци ќе започне новиот градежен предизвик, поточно изградбата на станбено деловен комплекс, со кој имаат уште поголеми планови за изгледот на урбаниот и современ а пред се квалитетен живот на граѓаните во делот на Велес кој што се наоѓа во близина на градската касарна.     


 Фото: Свечено доделување на клучеви на сопственици на станови
Фото: Свечено доделување на клучеви на сопственици на станови
Фото: Свечено доделување на клучеви на сопственици на станови

На свеченото доделување на клучевите на сопствениците на становите во ламела 2 и ламела 3 во комплексот „Атлантис“ освен нив и компанијата инвеститор присуствуваа бројни роднини, пријатели и деловни пријатели.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.