Сепак од денеска напладне посебен режим на сообраќај во Велес за „Питијада 2022“
Општина Велес соопшти дека посебниот режим на сообраќај во градот поради традиционалната манифестаиција „Питијада 2022“ ќе започне од денеска напладне, поточно од 12:00 часот и ќе трае до завршување на манифестацијата, односно до 12:00 часот во понеделник, 10 октомври.
За време на „Питијада 2022“ сообраќајот по улицата „Благој Ѓорев“, на потег од Авона до Гимнзијата ќе биде целосно затворен. Од потег на велешкиот театар до главната пошта сообраќајот ќе се одвива двонасочо како и по улицата „Алексо Дамниевски“. Потоа сообраќајот на улица „Лазо Осмаков“ ќе се одвива во еден правец, но во обратна насока од постоечкиот режим, додека улиците „Наум Наумовски“, „Кумановска“ и „Оливер Китановски“ ќе бидат целосно затворени за сообраќаj.
Од Министерство за внатрешни работи и Сектор за внатрешни работи Велес се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во градот.
Стефани Манева