„Sinsay“ и „Reserved“ наскоро во велешката трговска мрежа

Објавено на 29 август, 2022 во 14:21
Фото: Архива на Дума.мк

Велешани ќе можат да ги купуваат производите на двата реномирани полски бренда  веќе од 15 ноември, годинава. „Sinsay“ и  „Reserved“   продавниците ќе ги  отворат на атрактивна локација, во центарот на градот, поточно на вториот кат на „Ве Мол“ или поранешна  стоковна куќа „НА МА“. Двата полски бренда ќе продаваат гардероба по прилагодливи цени во специјализирани продавници за жени, за мажи, за деца како и посебен дел за спортска опрема.

Сопствениците на „Ве мол“ ја потврдија информацијата на Дума.мк. „Sinsay“ и  „Reserved“   го закупиле просторот од 1.000 м2 којшто во моментов се прилагодува за потребите на двата полски бренда. Дополнително,  полските реномирани ланци ќе го уредуваат просторот за намената за која го изнајмиле за што ќе инвестираат помеѓу 600 и 700 илјади евра.

Засега во Македонија  „Sinsay“ и  „Reserved“имаат отворено продавници во „East gate“ во Скопје што значи дека во ланецот низ државата, велешките, ќе бидат втори.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.