Сканија удри и усмрти пешак на регионален пат Прилеп – Градско
Објавено: 12 мај, 2026, во 13:50 часот
Товарното возило било управувано од Кавадарчанец додека загинатиот пешак е од Росоман , во сообраќајната несреќа што се случила вчера, доцна попладне, на регионален пат Прилеп – Градско.
„На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



