Склад за дрва во Велес заработи кривична пријава за даночно затајување
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/10/c1b15614-resize-820x0x100.jpg)
Секторот за внатрешни работи Велес информира дека по контрола на Отсекот за економски криминал, што ја спровел на крајот на претходниот месец, констатирал повеќе неправилности во работата на склад за огревно дрво во Велес како и давање на лажни информации од страна на управителот за што и него и фирмата ги сомничи за сторено кривично дело „даночно затајување“.
„Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице од Велес и против Ј.Н.(48) од велешко, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.
На 25.09.2023, полициски службеници од Отсекот за економски криминал извршиле контрола во правното лице во Велес, кое врши продажба на огревно дрво, при што било констатирано даночно затајување од Ј.Н., односно за да се одбегне целосно или делумно плаќање на данок, придонес или некоја друга давачка, дал лажни, неточни и други факти за утврдување на количината на огревни дрва кои ги има на плацот за продажба на огревни дрва“, соопшти Билјана Ѓаковска портпаролката на СВР Велес.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)