Со какви санитетски возила се транспортираат пациентите во Велес?
Потребата од транспорт на пациентите од велешка до скопските клиники се реализира со две стари санитетски или амбулантни возила. Првото е добиено пред 10 а второто пред 11 години. Возилата се амортизирани и не удобни. Оваа јавна здравствена установа за потребите од транспорт низ Велес користи санитетско возило кое навршило 17 години. Најновото од амбулантните возила, кое што е добиено како донација во 2014 година, е со тежок дефект и тоа не се употребува. На оваа јавна здравствена установа ид врвен приоритет и е да стигне до донација или за оваа потреба да добие најмалку едно санитетско возило од Министерството за здравство кое по се изгледа одамна ја има заборавено.
За разлика од болницата, Здравствениот дом во Велес, има далеку поброен и понов возен санитетски парк. Тој брои вкупно употребливи осум санитетски возила и четири возила кои се стари и не се употребуваат. Две амбулантни возила од марката „Reno trafic“ се добиени минатата година заедно со едно „Citroen“ комбе и едно амбулантно возило „Opel“ со лежај. Исто така, службата за Итна помош од 2021 година користи комбе од марката „Citroen“ како и две амбулантни возила од марката „дачија“ стари четири и едно од 2012 година. Најголем број од осумте санитетски или амбулантни возила се странски донации додека мал е бројот на набавени од страна на Министерството за здравство. Оваа јавна здравствена установа располага и со четири амбулантни возила кои се вон употреба затоа што се стари над 26 години. Но тие не се расходувани иако се раритети.
На оваа тема во изминатиот период истражуваше Центарот за граѓански комуникации. Граѓанското здружение дојде до податоците дека во Македонија има вкупно 263 вакви возила. Санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи. Најстарото возило – Мерцедес од 1988 година, го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево. Најнови се две возила набавени минатата година, едното од Клиничката болница во Штип, а другото од Здравствениот дом во Тетово. Просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра. Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра.
Според последното истражување на Центарот за граѓански комуникации дури 73 % од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација. Само околу 22 % од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства.
Министерството за здравство најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци. Најчеста марка амбулантни и санитетски возила е Рено, од која има дури 74 возила, од кои 62 возила се од моделот Трафик. Следни се Ситроен со 35 возила, како и Фиат и Фолксваген со по 26 возила.
Споредбата со истото вакво истражување покажува дека сега има 80 вакви возила повеќе отколку во 2019 година, но само 30 од новостекнатите 80 возила се нови, односно произведени во последните три години, додека другите се повторно стари возила.
Убавка Јаневска