Советот на Општина Велес во четврток ќе ја одржи 57 седница, еве по кои точки ќе расправаат советниците
Објавено на 26 ноември, 2024 во 14:44
Советот на Општина Велес, во четврток, 28 ноември, годинава, ќе ја одржи 57 седница. Седницата ќе започне во 9:00 часот. Членовите на Советот ќе расправаат по вкупно 20 точки. Претседателот на Совет, Даниел Јаневски, за расправа го предложи следниот Дневен ред:
- Предлог – одлука за измена на Деловникот на Советот на Општина Велес.
- Предлог – одлука за преземање на обврска за надоместување на вишоци и кусоци на работи за изградба на два кружни текови, поставување енергетско ефикасно улично осветлување, реконструкција на улица во центарот на градот 8-ми Септември и изградба на улична канализација во Велес.
- Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на уредување на градежното земјиште во 2024 година.
- Предлог – одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2024 година.
- Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на уредување на градежно земјиште во 2025 година.
- Предлог – програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2025 година.
- Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на промоцијата, комуникацијата со јавноста и меѓународната соработка во 2025 година.
- Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2025 година.
- Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2025 година.
- Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2025 година.
- Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2025 година.
- Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2025 година.
- Предлог –програма за активностите на Општина Велес за поддршка на младите во 2025 година.
- Предлог –програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2025 година.
- Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2025 година.
- Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој во 2025 година.
- Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2025 година.
- Предлог – програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2025 година.
- Предлог – оперативна програма за одржување на јавното зеленило на територијата на Општина Велес во 2025 година.
- Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управување со кризи во 2025 година.
Дума.мк