Средношколски тим, со проект во Топ 50 на „BRAINSTER“, бараат од Велешани да гласаат за нив

Објавено на 4 ноември, 2025 во 14:05

Тимот средношколци составен од Стефан Поповски, Ивана Милошева, Ангела Здравковска, Димитри Кочов, Лука Панов и Марија Михајлова преку проект развиваaт интерактивна мобилна апликација и веб-платформа која го трансформира учењето зa личните финансии во игра. Овие млади и талентирани ученици на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ изработуваат и веб-страна со квизови и предизвици, буџет-симулатори, рангирања и натпревари, форум и бесплатни онлајн консултации со експерти.

Тие за Дума.мк рекоа дека нивната визија е практична и јасна, градат капацитети на млади за буџетирање, за штедење, за заработување и за инвестирање уште пред да наполнат 20 години. Исто така, овој тим планира содржини прилагодени на реалноста во нашите градови и регионот. Тимот средношколци креира и додатни алатки за млади корисници: за поени, за дигитални беџови и за награди во форма на стажирања или обуки коишто се обезбедени од спонзори и од партнери.

Проектот „Nex$tep Finance“ веќе се најде меѓу „топ 50“ на државниот натпревар организиран од Brainster. Вашата поддршка ќе им помогне да ја проширaт платформата и да допрат до повеќе млади. Гласајте за Nex$tep Finance на платформата на Brainster, споделете ја оваа вест и поддржете младински проект кој го прави финансиското знаење достапно и практично.

„Ја очекуваме поддршката на Велешани. Тие со влегување на веб-страната: https://milioner.mk/vote/49102709-1b74-467b-bd0e-65959f465f6a потребно е да се упатат на опцијата „Гласај“ под промотивното видео. Од таму, продолжуваат со внесување еmail или Facebook профил и да изберат „continue“ (продолжи) со цел нивниот глас да биде валиден. Ја очекуваме Вашата поддршка,“ додаде овој средношколски тим на ученици.

Тие низ велешките улици излепија промотивен материјал со цел да ги мотивираат граѓаните да им дадат гласови бидејќи токму од бројот на гласачи зависи успешноста на нивниот проект во Македонија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.