Страотна сообраќајка во центар на Велес, без жртви (ФОТО)

Двајца од вкупно петмина учесници во сообраќајната незгода што се случила ноќеска, три минути пред полноќ, во центарот на Велес се задржани на лекување во Општа болница Велес. Еден од нив се здобил со скршеница на клучна коска додека вториот учесник во несреќата со нагмечувања на лицето, во делот на устата. Хирурзите интервенирале уште над тројца пациенти кои по прегледите и укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

-Сите пациенти биле донесени од страна на Итна помош. Кај двајца од нив се констатирани посериозни повреди здобиени во сообраќајната незгода. Кај еден пациент се констатирани сршеници на клучна коска додека кај втор повреди здобиени во пределот на лицето и особено околу устата. Останатите се прегледани и пуштени на домашно лекување, рече д-р Елена Левкова Ќулумова портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

Сообраќајката се случила кога возилото кое доаѓало од мост Ѓемиџии во правец кон центарот на градот, во близина на поранешна Стоковна куќа, и најверојатно изгубило контрола па удрило прво во ротондата и од силниот удар завршило на плоштадката пред споменикот на Кочо Рацин. Притоа откорнат е еден канделабар на плоштадката во делот на почетокот на паркингот пред зграда на Основен суд Велес.

Неофицијално станува збор за возило со странски регистерски таблички. Според д-р Ќулумова во автомобилот освен возачот се наоѓале уште четири патници.
На местото на незгодата интервенирале екипи на Итна медицинска помош. Незгодата била пријавена во Полициска станица Велес и била побарана интервенција и од пожарникарите на ТТПЕ Велес. Увидот на лце место ќе ги утврди причините за незгодата.

Убавка Јаневска
