Света златоустова литургија во црква „СВ Димитрија“ во село Мрежичко, организиран превоз од Неготино и Кавадарци
Објавено на 7 ноември, 2023 во 10:21
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/sveti-dimitrija-crkva-kavadarci.jpg)
По повод православниот празник „СВ. Димитрија“ – Митровден утре, 8 ноември, со почеток во 08:00 часот, ќе се одржи света златоустова литургија во истоимената црква во село Мрежичко.
Организиран е бесплатен прево. Поаѓањето ќе се спроведе од четири локации и тоа, во 06:45 часот превозот ќе тргне од село Долни Дисан, во 07:00 часот ќе бидат земени патниците од Неготино од пред општинската зграда. Во 07:15 часот кавадарчани ќе може да го чекаат превозот пред кружниот тек нов центар и пред општинската зграда.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/Plakat-A3-Mitrovden-2023_page-0001-745x1024.jpg)
Секој патник покрај бесплатниот превоз ќе добие и сендвич и пијалок.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)