Патиштата до дел од населените места во Свети Николе и Лозово тешко проодни
Објавено: 10 јануари, 2019, во 16:51 часот
На подрачјето на општините Свети Николе и Лозово патот кон селата Немањици, Ранченци, Мечкуевци и Патетино, како и кон селата Трстеник, Сопот, Преот, Малино, Алакинци и Крушица не се проодни за лесни моторни возила, а се проодни за теренски возила.
Останатите патни правци и во двете општини се проодни, соопштија од центарот за управување со кризи./У.Ј

