Светиниколчани не ќе можат да го посетуваат излетничкото место „Бареш“ во Ѓуриште

Објавено на 1 јули, 2025 во 13:35
Фото: Излетничко место „Бареш“ – Локал Актив Вардар

Со воведувањето на целосната забрана за движење во сите шуми и на целото шумско земјиште, се забранува движење и престој во шумските излетнички места меѓу кои спаѓа и популарното излетничко место „Бареш“ за светиниколчани.

„Бареш“ се наоѓа во ѓуришкиот дел од општина Свети Николе во кој жителите вообичаено се разладуваат во сенките на боровата шума и се дружат со приготвување скара.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружницата на ЈП Национални шуми ПСШ „Шумарство“ за подрачјето на општините Свети Николе и Лозово, како што нѐ информираа за Локал Актив Вардар. Издавањето на одобрение ќе биде исклучително за итни и неодложни потреби за движење во шумите и на шумското земјиште.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра.

Дума.мк

Извор: Локал Актив Вардар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.