Тепачка помеѓу двајца велешани
Објавено на 13 мај, 2022 во 13:16

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес ги лишеле од слобода триесет и едно годишниот Н.М и дваесет и девет годишниот Г.М од Велес.
– По претходна расправија околу сопственост на автомобил настанала физичка пресметка помеѓу нив, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Оттаму информираат дека лицата биле задржани во полициска станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
