Тепачка помеѓу малолетници во училиштен двор во Велес
Објавено на 26 октомври, 2021 во 15:10

Во Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 25 октомври, во 13:00 часот било пријавено дека во двор од средно училиште во Велес, по кратка расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пет малолетници. Тројца од нив од населба Чашка и двајца малолетници од село Извор и село Оморани.
Од СВР Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева
