(Фото) Тешка сообраќајна несреќа кај Камен Дол

Објавено на 10 август, 2023 во 09:36

Двајца починати и тројца тешко повредени билансот е на тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Росоман – Прилеп во близина на Камен Дол.

Во сообраќајката учествувале четири возила. Интервенираа три екипи на Итната медицинска помош Кавадарци ни потврди началникот д-р Ратко Грков.

„Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се препратени во Клинички центар Скопје“ информира д-р Грков.

Поради сериозното оштетување на возилата во извлекување на повредените интервенирале и шест пожарникари со две возила на Територијална противпожарна единица од Кавадарци.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.