ТППЕ Велес со вкупно 269 интервенции во 2023 година, од нив 245 во Велес
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/vozilopozarna-1.jpg)
Територијалната противпожарна единица Велес, во текот на 2023 година имала вкупно 269 интервенции на територијата на Велес, Чашка и Градско. Поголем дел од интервенциите, поточно 245 биле на територија на Општина Велес додека останатите 24 во другите две општини. Од ТППЕ Велес соопштија дека од вкупниот број на пожари во Велес најголем дел, вкупно 115, биле пожари на отворен простор.
-На територија на Општина Велес имавме 20 пожари на објекти, 115 на отворен простор, 27 пожари на контејнери, 15 пожари на патнички моторни возила, девет пожари на оџаци, 51 техничка интервенција, едно извлекување на давеник и две жртви во пожар. На територија на Општина Чашка имавме вкупно 11 интервенции додека на територија на Општина Градско вкупно 13 интервенции, додаваат од ТППЕ Велес.
Во пожарите на отворен простор коишто се и најбројни има изгорено околу 350 до 400 хектари треба нискостеблеста, деградирана шума и квалитетна шума.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)