Тридневни прекини на струја во Градско поради реконструкција на електроенергетската мрежа во регионот

Објавено на 25 јуни, 2025 во 10:58

Жителите на општина Градско и околните села во наредните денови ќе се соочат со планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија поради реконструкција реконструкција и модернизација на електроенергетската мрежа во регионот, информираат од Електродистрибуција Велес при ЕВН Македонија.

Прекините се веќе започнати од утрово од 08:00 часот и населба Градско ќе остане без струја до 16:00 часот. Утре, четврток, 26 јуни, електроснабдувањето ќе биде прекинато во истото време, поточно од 08:00 до 16:00 часот во селата Подлес, Долно Чичево, Горно Чичево, како и на фармата „Агриа“. Во петок, 27 јуни, повторно ќе има прекини во Градско но во два термини, од 07:00 до 08:00 часот и од 14:00 до 15:00 часот.

Од ЕВН појаснуваат дека прекините се планирани согласно однапред утврден распоред, но не се исклучуваат можни отстапувања од најавените временски рамки, зависно од сложеноста на работите и теренските услови. Компанијата апелира до граѓаните за разбирање, имајќи предвид дека се работи за инвестиција што ќе овозможи посигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија во иднина.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во контакт центарот на ЕВН на броевите 0890 88888 и 02 3205 300, или преку е-пошта на elektrodistribucija@evn.mk. Детали за планираните и тековните прекини се достапни и на веб-страницата https://elektrodistribucija.mk/Grid/OutagesMap.aspx.

Од ЕВН упатуваат благодарност до жителите на општина Градско за трпението и разбирањето за време на изведбата на овие значајни работи.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.