Триесет и пет крвни единици даруваа вработени во винарска визба „Тиквеш“
Објавено на 1 март, 2025 во 12:51

Од Општинската организација на Црвен крст во Кавадарци соопштија дека спроведената доброволна крводарителска акција заедно со Институтот за трансфузиона медицина Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија резултира со 35 крводарувања.
– Одговорните и вработените во компанијата, ја покажаа својата хуманост и солидарност, трудејќи се колективот да ги удостои и крводарителите и лицата кои ја реализираа акцијата, соопштија од кавадаречката организација на Црвениот крст.
Додадоа дека крводарителите од Кавадарци и Росоман секогаш се меѓу најхуманите во државата.
Ангел Данов
