Тројца скопјани краделе бакарни кабли од фабрика во Велес

Објавено на 28 февруари, 2023 во 10:52

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 08:30 часот, триесет и седум годишниот Н.Е, 33 годишниот Г.Б и 31 годишниот А.Г, сите од Скопје, биле затекнати како во фабрика во Велес сечат одземени бакарни кабли.

-Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициската станица во Велес, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следи соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.