Успешно е евакуиран до својот дом кавадарчанецот што заедно со своите две кучиња беше завеан на планината Кожуф
Центарот за управување со кризи соопшти дека кавадарчанецот којшто се јавил дека е „отсечен“ од снегот, во викендичка над село Радња, во месноста „Гатеново“ на планината Кожув, вчера е успешно спасено и евакуирано до својот дом во Кавадарци. Тој, прво одбил помош којашто му била понуден како опција, поточни општински „оффроуд“ како можен превоз со теренски четирицикли, бидејќи не знаел што да прави со своите две кучиња.
-Конкретно, Регионалниот ЦУК Кавадарци известува дека екипа од Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци вчера во со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја, и едно теренско 4х4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето коешто беше завеано во мсноста „Гетеново“, а со себе имале и човек кој го познава добро теренот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале планинскиот земјен пат, додаваат од ЦУК.
Доцна во ноќта, Регионалниот ЦУК Кавадарци се јавил и известил дека е исконтактирано со човекот и дека тој е дома во добра состојба, по што изразил голема благодарност до Општина Кавадарци и на сите инволвирани во неговата безбедносна евакуација.
-При ова информирање е неодминливо и важно тоа што информацијата преку медиумите вчера предизвика и хумана реакција во општеството и други поединци и здруженија да се јават за да помогнат. Но, беше оценето дека Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци е доволна за спасувачката евакуација на завеаниот граѓанин од Кожуф, додаваат од ЦУК.
Според ЦУК ова е пример на позитивна моќ и улога на медиумите во општеството, кога и преку одвојување време за сервисни информации ја поттикнуваат хуманата страна на луѓето во нашата држава и ја јакнат колективната свест за помагање меѓу себе, секако и со едукативна конотација како тоа се остварува, почнувајќи од јавувањето на европскиот, а сега и македонски единствен број за итни случаи 112 во ЦУК и секако дека тоа е пожелно да е во координација со тие коишто и професионално го реализираат извлекувањето и спасувањето – со институциите од Системот за управување со кризи.
Дума.мк