Хартијата ја збирам за да ја рециклирам!

Објавено на 20 ноември, 2012 во 08:45

Купишта стара хартија собраа децата од детската градинка „Димче Мирчев“ учејќи дека таа може да се рециклира и да се користи и понатаму, а не да се фрла в ѓубре.

Низ игра, песна и развивање на нивните креативни вештини цела недела учеа како се одвива процесот на рециклирање. Од градинките велат дека целта на програмата е од најмли нозе децата да научат како да се однесуваат кон животнта средина.

 

„Сепак целта ни беше да ја вклучиме и локалната заедница. И за тоа покрај дечињата, семејствата и вработените активно учество земаа и граѓаните и голем број фирми. Сите донесоа стара хартија која ќе ја однесеме на рециклирање„ вели координаторкта Маја Велинова.

Во иднина децата ќе собираат и пластика бидејќи и таа може да се рециклира. Ефектите ги очекуваме веднаш бидејќи со помош на приказни, игри и активности влијаеме да создадат впечаток за значењето на планетата Земја велат од градинките.

„Децата од најмала возраст мора да имаат развиено еко свест кај нив. Ќе направиме и други акции со чија помош ќе воведеме високи еколошки стандарди од европски тип“, вели директорката Анида Цецева.

„Хартијата ја збирам за да ја рециклирарам“ е само дел од активностите преку кои велешките градинки ќе дојдат до зелено знаменце кое е доказ дека тие нудат воспитување и образување на децата за екологија по европски терк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.