Туберкулозниот диспанзер непрактичен, но засега останува на истата локација
Грда слика остава старата зграда во која е сместен диспанзерот за туберколоза и градни болести во Велес.
Освен што впечатокот е лош и засебното работење на диспанзерот било непрактичено. Трошел многу, а има малку пациенти. Најавата за негова дислокација засега е само идеја, но сепак од министерството размислуваат како да дојдат до поевтино решение.
„Ќе изработиме проект кој ќе треба да ни покаже дали планот може да се реализира, а тоа е и одобрено со закон. Ако се утврди исплатливост тогаш министерството ќе склучи договор со приватна фирма која би требала да го добие објектот, а за возврат на тоа да купи медицинска опрема за општата болница или да помогне во реконструкцијата. Тогаш лекарите од диспанзерот ќе работат во рамки на интерното одделение“, вели Никола Тодоров, министер за здравство.
Непрактичноста во работењето Тодоров го правда со тоа што годишно таму се лекуваат 20 – тина заболени од туберколоза, а зградата има многу поголеми капацитети. Инаку тој постои веќе неколку децении а во него доаѓаат пациенти и од други градови од Повардарскиот регион.
