Три нови возила за итна помош во Велес!
Возниот парк на велешката брза помош од денеска е побогат за три нови возила „рено трафик“. Пристигна опремата која за здравствениот дом ја обезбеди државата. Ова ќе значи многу за подобрување на квалитетот на услугите среќни се лекарите од медицинската служба.
„Со оваа донација значително се освежи возниот парк на здравствениот дом и сега можеме да се пофалиме дека поседуваме специјани возила кои имаат целосна опрема и со кои на место можеме да дадеме итна медицинска помош со комплетно оживување на пациентот и се што налага итната ситуација. Со ова конечно ќе даваме соодветна помош на секому што му е потребна“, вели Тања Самаракова, директор на здрваствениот дом.
Инаки итната медицинска помош во Велес последна донација во возила имала пред една деценија. Но, од таму велат дека новите автомобили и опремата во нив не може да се спореди со она што го имале до сега. И покрај ова лекарите сметаат дека добро се справувале со секоја ситуација каде што биле повикани да помогнат.
