Велешанец, за влакно се спаси од воз!

Објавено на 30 декември, 2012 во 13:52

Несреќата се случи, на железничкиот премин во населбата Превалец.

Педесет годишниот Ѓ.Т од велешката населба Превалец е жив и помина без повреди но, југото што го возеше е целосно уништено откако утрово во него удри воз кој сообраќал на железничката пруга од Велес кон Битола. Моторот се угаснал и возилото застанало токму на железничкиот премин во наслебата. Возачот излегол и се обидел да го истурка во што не успеал ниту тој ниту луѓето што дошле да помогнат. Сите тие виделе како возот што доаѓа удрил во југото и го исфрлил дваесеттина метри покрај пругата.

„ Јас му реков остави го возилото и бегај тоа е веќе сторено. Премногу блиску беше возот и ништо не можевме да направиме. Инаку, семафорот на пругата работеше,“рече Стојан Стојанов. Тој е очевидец на несреќата.

Возот неколку часа беше запрен и блокиран беше сообраќајот на железничката пруга од Велес кон Битола. Велешката полиција направили увид кој го следеа и луѓе на ЈП Македонски железници.

„Увидот ќе ги утврди причините за несреќата. Штом заврши ќе биде поднесен и соодветен поднесок кон прекршителот или прекршителите на законот,“ рече портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров.

Голем број на жители денеска излегоа во центарот на населбата Превалец. Тие беа револтирани затоа што овој железнички премин еден месец бил оставен без рампи и чувар. Работниците на Македонски железници што го обезбедувале преминот биле испратени на принуден одмор, седеле дома и добивале 70 отсто од платата.

„Според проценките на јавното претпријатие доволна била звучната и светлосна сигнализација а еве не е така. Ние уште на почетокот велевме дека ќе има проблеми со преминов ама никој не не слуша. Затоа бараме Македонски железници веднаш да ја врати електричната рампа оти во спротивно ќе го блокираме преминов,“ рече жител на населбата Превалец.

„Не е безбедно ниту за возрасните ниту за децата. Посебно ни е страв кога ги праќаме на училиште. Тоа се деца, како да веруваме дека ќе се снајдат на отворена пруга. Затоа бараме да се врати старото обезбедување и да се огради пругата од двете страни долж целата населба“, рече жител на Превалец.

Овој железнички премин на пругата од Велес кон Битола е многу фрекфентен. Освен жителите на населбата преку него минат и над 7,5 илјади жители на општина Чашка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.