Нема решение за проблемот со паркинзи во Велес!
Во Велес не е лесно да си ниту пешак ниту возач коментираат граѓаните.
Ако излезеш пешки речиси сите тротоари се окупирани од возила, па не се помиува. Од друга страна пак ако излезеш со возило тогаш имаш проблем – ќе нема каде да го паркираш. Поради ова се почеста е сликата на сообраќаен хаос во центарот на градот.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=L7D9I3dy3zk&feature=youtu.be{/youtube}
„Многу ни сметаат, не можеме да поминуваме, сообраќајната култура е нула“, вели велешанка
„Ризик е да се оди посебно за децата, не се мине по тротоар и мора по улица. И со кола кога излевам нема каде да ја паркирам колата. Полицијата ми вели, казната е 400 евра, а јас ја прашувам, каде да паркирам? Обезбедете простор па после казнувајте“, вели велешанец.
Проблемот со недостиг на паркинг простор уште повеќе се зголеми во последнава годна и пол. Со дозволата за увоз на стари возила од странство нивниот број сега е речиси двојно поголем. Тоа на своја кожа најмногу го почувствуваа таксистите за кои и покрај тоа што има загарантирани места за паркирање, најчесто се окупирани од приватни возила.
„Тесен е градот, многу возила има, мислам дека се преку десет илјади“, вели таксист.
„Тешко се снаоѓаме најверојатно многу кола се донесе од странство. Градот нема место за проширување, едносмерноста на улициве малку олеснува но секогаш паркинг нема“, вели таксист.
Локалните власти одамна промовираа неколку решенија за проблемот со пракинг простор, но до сега реализација нема. Идејата за катна гаража на местото на сегашниот паркинг во центар сеуште стои како проект, но власта нема одговор дали и кога ќе ја реализира. Привремено ќе бара решение само за паркирањето околу пазарот.
„Се планира изградба на дополнителен паркинг простор особено околу пазарот, за да се надмине оваа гужва што се создава во соограќајот“, вели Славчо Чадиев, претседател на совет.
Градот најави нов сообраќаен режим за во иднина со кој се крати, но и се предвидува создавање на нови паркинг места. Во меѓувреме на велешани им преостанува како знаат и умеат да се снаоѓаат во сообраќајниот хаос.