Рибочуварите на СРД Бабуна фатија рибокрадци во центарот на градот!
Двајца велешени синоќа нелегално со мали мрежи ловеле риба, кај Мало мовче.
Ги открила рибочуварската служба откако добила дојава од совесни граѓани. Во акцијата не била пронајдена уловена риба па затоа само биле одземени реквизитите што ги поседувале рибокрадците. Во непосредна близина на „уловените рибократци“ била откриена и една мрежа слепица. Таа била поставена во водата. Засега не се знае чија е.
„Ние предупредивме дека рибочуварската служба ќе ги зајакне контролите посебно на делот во центарот на Велес затоа што тука ја пуштивме во вода најголемата количина на крап, со кој го порибивме Вардар. Забрането е ловењето на овој вид риба и затоа уште еднаш предупредувам дека паричните казни за рибокрадство се високи па затоа треба да се почитуваат забраните“, рече претседтелот на Бабуна, Ѕвонко Мачавелов.
Во исто време со контролата на Вардар била направена и втора, на езеро Младост. И таму имало рибокрадци кои им избегале на рибочуварите кои велат дека знаат за кого станува збор затоа што на лице место било паркирано возилото со кое рибарите дошле на велешко езеро .