Жената која си го потпали станот во социјалните згради заработи кривична пријава!
Полицијата ја гони за предизвикување општа опасност, таа стравува дека ќе остане на улица ако и го земат домот.
Предизвикала општа опасност кога го потпалила станот во кој живее. Ова го пишува во кривичната пријава што СВР Велес ја поднесе против педесет и три годишната Лидија Панова за пожарот кој се случи во социјалните згради пред месец и половина. Полицијата ја товари дека ноќта на 13 – ти декември во шпоретот за греење потпалила разни пластични предмети од што настанал пожарот. Со ова го оштетила Претпијатието за стопанисување со станбен и деловен простор за осум илјади евра, бидејќи тоа е сопственик на станот, а Панова е кираџија таму.
Инаку ноќта кога се случи пожарот станарите од цела зграда бегале од становите мислејќи дека огнот ќе ги зафати и нивните домови. Раскажуваа дека преживеале хорор, а само брзата интервенција на Противпожарната единица ги спасила нивните имоти. Панова пак молеше да не и го одземаат станот кој е наменет за сиромашни луѓе бидејќи ќе остане на улица без покрив на глава.