Велес под снег!

Објавено на 26 јануари, 2013 во 10:50

Во Повардарскиот регион снегот почна да паѓа ноќеска. Во велешко рано утринава поради снежни наноси отсечени беа селата Бузалково и Иванковци. Најмногу снег, 15 сантиметри, падна во Дреново а снежната покривка во градот изнесува 5 сантиметри.

Првиот снег, годинава, во Велес веќе се топи.

По синоќешната интервенција на Македонија пат чисти и проодни се градските улици.

Интервенција побарале жителите на селата Бузалково и Иванковци каде ветрот создава снежни наноси на локалните патишта. Таму рано утринава се интервенирало со механизација а потоа биле фрлени сол и ризла по што патните правци се проодни. Најмногу снег ноќеска наврнало во селата Дреново, Горно и Долно Јаболчиште но патот е чист и прооден.

На зимската идила ќе може да и се радуваме само во денешниот ден но, вечер поради паѓањето на температурите можна е појава на голомразица.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.